Банките со рекордни профити

Bez autora
Nov 16 2014

И штедните влогови и профитите на банките годинава уриваат рекорди, додека кредитирањето расте со умерено темпо. Големите банки за првите девет месеци прикажаа одлични добивки од работењето, но и средните и малите банки ги следат со добар чекор. Ако се земе збирно, може да се види дека прикажаните биланси на банките во земјата покажуваат зголемени приходи од камати и провизии. Прикажаните загуби, пак, дел од банките ги направиле поради исправките на вредноста на финансиските средства, или сметководствено регулирање на средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања. Сепак, она што продолжи годинава како тренд е што од трите најголеми банки во земјава, Стопанска банка Скопје и НЛБ Тутунски банка ги зголемија добивките, а Комерцијална банка и годинава е во минус, иако може да се види дека банката за разлика од лани ја има намалено загубата.

Банките со рекордни профитиИ штедните влогови и профитите на банките годинава уриваат рекорди, додека кредитирањето расте со умерено темпо.

Големите банки за првите девет месеци прикажаа одлични добивки од работењето, но и средните и малите банки ги следат со добар чекор.

Ако се земе збирно, може да се види дека прикажаните биланси на банките во земјата покажуваат зголемени приходи од камати и провизии. Прикажаните загуби, пак, дел од банките ги направиле поради исправките на вредноста на финансиските средства, или сметководствено регулирање на средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања.

Сепак, она што продолжи годинава како тренд е што од трите најголеми банки во земјава, Стопанска банка Скопје и НЛБ Тутунски банка ги зголемија добивките, а Комерцијална банка и годинава е во минус, иако може да се види дека банката за разлика од лани ја има намалено загубата.

Кои се причините за големите разлики во профитите, банките објаснуваат во своите извештаи објавени на веб-страницата на Македонска берза.

Комерцијална банка прва го објавува билансот на успех. Тој покажа дека банката во првите девет месеци од годината има загуба од 183,69 милиони денари, или околу 3 милиони евра. Овој резултат секако е подобар во споредба со истиот период од лани кога Комерцијална банка оствари загуба од 293 милиони денари, или 4,7 милиони евра.

Годинава нето-приходите бележат намалување од 5,5 отсто во однос на истиот период лани, а приходите од камата бележат намалување за 8,6 отсто. „Остварената добивка пред исправка на вредноста, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 8,7 отсто пониска во однос на лани што се должи на остварените нето-нереални загуби од вреднување на хартии од вредност, намален нето-приход од камати и намалени останати приходи. Во негативниот финансиски резултат е доминантно негативното влијание на загуба за оштетување на имотот преземен на 1.1. 2010, кој во согласност со регулативата е евидентиран на 1.1 2014 година“, се вели во објаснувањето на Комерцијална банка. Инаку, загубата за третиот квартал изнесува 44,1 милиони денари и е за 37 отсто пониска од просекот на загубата за првите два квартали, кој изнесува 70 милиони денари.

Во добивката предводи Стопанска банка Скопје, таа за девет месеци остварила рекорден профит пред оданочување од 21,9 милиони евра.

„Како што е познато, Стопанска банка АД Скопје во континуитет покажува позитивни резултати, со постојани подобрувања во сите сегменти од своето работење, година за година. Со крајот на третиот квартал од оваа година, Стопанска банка објави профит пред оданочување во износ од 21,9 милиони евра, што претставува највисок резултат не само за банката, туку и за целиот банкарски сектор во земјата. Овој успех се должи главно на способноста на банката да продолжи да ја следи својата стратегија за обезбедување силна ликвидност и добро избалансиран раст, рационализација на трошоци на извори на средства, одржувајќи го квалитетот на своето кредитно портфолио, преку примена на нови технологии, постигнувајќи совршеност во оперативните процеси и максимална ефикасност на страната на трошоците“, велат од Стопанска банка Скопје.

Третата банка по големина НЛБ Тутунска банка вчера ги објави финансиските резултати. Нето-добивката на банката изнесува 524.851 илјади денари, или 8,5 милиони евра, и е повисока за 17,7 отсто во однос на 2013 година. Од НЛБ Тутунска објаснуваат дека заклучно со септември, нето- каматните приходи се повисоки за 11,2 отсто, приходите од камати се зголемени за 0,7 отсто, во најголем дел поради повисоки состојби на кредити на население и повисок износ на државни хартии од вредност. Расходите од камати се пониски за 12,0 отсто, што се должи на намалување на каматните стапки на депозитите и помал износ на користени средства од кредитни линии и депозити од банки. Нето-приходите од провизии се зголемени за 3,2 отсто. Приходите од провизии се зголемени за 6,1 отсто како резултат на повисоки приходи од картично работење, домашен и девизен платен промет, кеш-центар и услуги преку мрежа.

И другите банки ги објавија деновиве финансиските резултати. Охридска банка, членка на групацијата Сосиете женерал, прикажа добивка од 184.759.000 денари, или 3 милиони евра. Од ТТК банка, пак, во објаснувањето стои дека и покрај тоа што оперативното работење на банката е подобрено, ТТК банка има негативен финансиски резултат од 44,3 милиони денари, или 720 илјади евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik